Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 515 новозаболени со коронавирус и еден смртен случај.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 826.
Вкупниот број на активни случаи е 7.533, објави Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Од почетокот на епидемијата во март 2020 година, вкупниот број на регистрирани случаи на инфекција со новиот коронавирус во Црна Гора е 63.633.