Воен хеликоптер се урна над Медитеранот, пет американски војници загинаа

Воен хеликоптер се урна над Медитеранот, пет американски војници загинаа

пред 1 година

Пет американски војници загинаа кога воен хеликоптер се урна над источниот дел на Средоземното Море за време на тренинг вежба, јавува „АП“ повикувајќи се на американски официјални претставници.

Командата на европската армија соопшти дека сите пет членови на екипажот загинале кога авионот се урнал „за време на рутинска мисија за полнење гориво во воздух како дел од воената обука“.

Европската команда соопшти дека поради почит кон семејствата на војската и во согласност со политиката на Министерството за одбрана, идентитетот на членовите на екипажот нема да се објавува 24 часа додека не бидат известени семејствата на загинатите.

Текстот Воен хеликоптер се урна над Медитеранот, пет американски војници загинаа е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top