Војната расели милиони Иранци, многумина бегаат од Техеран

Војната расели милиони Иранци, многумина бегаат од Техеран

пред 3 часа

Околу 3,2 милиони Иранци се раселени во рамки на земјата од почетокот на војната меѓу Иран, Израел и САД, соопшти Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР).

„Повеќето луѓе бегаат од Техеран и од други големи градови и бараат засолниште на северот на земјата и во руралните области“, изјави Ајаки Ито од УНХЦР.

Војната започна на 28 февруари, кога САД и Израел започнаа голема офанзива против Иран. Додека воздушните напади продолжуваат, ОН предупредуваат на тешката ситуација за цивилите.

Особено ранливи се бегалските семејства во Иран, најмногу од Авганистан, кои поради несигурноста и ограничениот пристап до основни услуги се принудени да ги напуштаат погодените подрачја.

УНХЦР апелира на заштита на цивилите, хуманитарен пристап и отворени граници за луѓето кои бараат безбедност.

Фото: Depositphotos

Текстот Војната расели милиони Иранци, многумина бегаат од Техеран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top