Вучиќ за исчезнатиот Хрват: Надлежните веќе имаат скица што се случило

пред 3 години

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, при посетата на Панчево се осврна на случајот со исчезнатиот Хрват, Матеј Периш, кој се води како исчезнат од 31 декември во Белград.

“Добив информација утрово. Чекам нови вести. Во суштина, сè уште немаме решение. Се надевам дека надлежните ќе го најдат Матеј. Тоа го сакам и за него и за неговото семејство. Нашите власти прават се што е во нивната моќ и веќе имаат скица за тоа што се случило“, истакна Вучиќ.

Сепак, претседателот посочува дека треба многу повеќе да се работи кога е во прашање потрагата по исчезнатиот млад човек.

Медиумите потсетуваат дека Матеј Периш, младото момче од Сплит, последен пат е виден во еден белградски ноќен клуб. Во потрагата по него се вклучија и српските ватерполо легенди.

Тој е висок 188 сантиметри, има сини очи и коса.

Полицијата беше пред клубот „Готик“ каде последен пат е виден исчезнатиот Матеј Периш од Сплит ноќта меѓу четвртокот и петокот.

Share
Scroll to Top