Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС

пред 2 часа

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој со денови во кампањата најавуваше предвремени избори, изјави дека е „подготвен да ја прифати волјата“ на владејачката СНС во врска со неговата евентуална кандидатура за премиер и рече дека ќе ги распише изборите „за неколку дена“.

„Доколку добијам поддршка од луѓето од СНС да бидам кандидат за премиер, мојата идеја е идната влада да има максимум 12 министри“, изјави Вучиќ за ТВ Информер и ТВ Ниш пред седницата на Централниот одбор на Српската напредна партија, во сабота, во Ниш. Тој нагласи дека тоа ќе биде најмалата влада во историјата на Србија, но „брза, ефикасна и силна“.

Во мај 2023 година, тој формално се повлече од функцијата шеф на СНС
„Ќе видиме дали ќе биде донесена таа одлука. Реков дека сум подготвен да ја прифатам нивната волја“, рече Вучиќ.

Вучиќ веќе неколку пати во претходните месеци нагласи дека по истекот на неговиот втор претседателски мандат, по што повеќе не може да се кандидира за функција според Уставот, сака да биде премиер. Ова бара од него прво да поднесе оставка и да се повлече од функцијата претседател.

Тој формално се повлече од функцијата лидер на СНС во мај 2023 година, предавајќи му го раководството на партијата на Милош Вучевиќ, поранешниот министер за одбрана, а сега неговиот советник за регионални прашања. Вучиќ, исто така, рече дека ќе распише избори на 9 или 10 септември.

Текстот Вучиќ за кандидатурата за премиер: Подготвен сум да ја прифатам волјата на СНС е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top