Вучиќ: Изборите може да бидат во јули, но и до крајот на ноември

Вучиќ: Изборите може да бидат во јули, но и до крајот на ноември

пред 1 час

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не ја исклучува можноста изборите да се одржат во јули, но ниту до крајот на ноември, нагласувајќи дека терминот ќе биде одреден според тоа кога најмногу ѝ одговара на државата.

„Изборите не се распишуваат според тоа дали некој оди на одмор, туку кога тоа е најдобро за државата“, рече Вучиќ.

Тој повика сите учесници во изборниот процес да обезбедат мирна и демократска кампања и порача дека победникот треба да владее врз основа на волјата на граѓаните.

Вучиќ додаде дека предизборната кампања треба да отвори важни прашања за надворешната и внатрешната политика, како и за идните планови на политичките актери.

Текстот Вучиќ: Изборите може да бидат во јули, но и до крајот на ноември е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top