Вучиќ: Ретко зборуваме за тоа, но ќе произведуваме балистички ракети со долг дострел

Вучиќ: Ретко зборуваме за тоа, но ќе произведуваме балистички ракети со долг дострел

пред 4 часа

Србија наскоро ќе започне со сериско производство на балистички ракети, објави српскиот претседател Александар Вучиќ на Бизнис саемот Србија-Узбекистан. Вучиќ додаде дека Србија е подготвена сама да го започне проектот, но исто така го покани Узбекистан да соработува во развојот, пишуваат медиумите во регионот..

„Можеме да постигнеме одлични резултати во одбранбената индустрија. Напредуваме во тој сектор, учиме, преземаме технологија од една сила и ја пренесуваме на други“, рече Вучиќ.

За време на своето обраќање, Вучиќ му се обрати на Ненад Милорадовиќ, помошник-министер за одбрана за материјални ресурси, и го праша колку време ќе биде потребно за да се започне со производство на балистички ракети со долг дострел. Тој нагласи дека веќе се произведуваат ракети со краток дострел, а Милорадовиќ одговори дека ќе биде потребна една година.

„Ова е вест за која ретко зборуваме“
„За една година ќе започнеме со производство на балистички ракети со долг дострел и сме подготвени да соработуваме со вас и по ова прашање. Ова е вест за која ретко зборуваме со граѓаните на Србија, но таа сведочи за нашиот технолошки, индустриски и суштински напредок“, рече Вучиќ.

„Нашите експерти веќе направија многу и верувам дека, како што реков, ќе го постигнеме тоа за една година. Подготвени сме да соработуваме со нашите пријатели од Узбекистан во оваа област“, ​​додаде тој.

Текстот Вучиќ: Ретко зборуваме за тоа, но ќе произведуваме балистички ракети со долг дострел е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top