Генчовска ги потврди несогласувањата со Петков и ги урна надежите за тргање на ветото до јуни

пред 3 години

Има сериозни несогласувања меѓу Министерството за надворешни работи и надворешнополитичкиот тим на премиерот Кирил Петков за прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Република Северна Македонија. Ова го изјави бугарската министерка за надворешни работи од партијата „Има таков народ“, Теодора Генчовска.

Таа рече и дека не постои документ меѓу Северна Македонија и Бугарија што е основа за преговори. Вели дека речиси ниту една од другите четири точки од Протоколот 4 + 1 не била спроведена од Скопје, пренесе БНТ.

Министерката која бара Бугарите во македонскиот устав да бидат впишани како државотворен народ рече дека нема време до крајот на француското претседателство во јуни да се отвори Уставот на Република Северна Македонија и да се случи тоа.

Share
Scroll to Top