Германија нема да испраќа борбени авиони во Украина

пред 5 години

Германија соопшти дека нема да испраќа борбени авиони во Украина, откако Соединетите Држави ја отфрлија понудата на Полска да ги префрли своите авиони МиГ-29 од руско производство во Украина преку американската база во Германија.

Канцеларот Олаф Шолц вели дека Германија и доставила на Украина секакви одбранбени материјали, вклучително и оружје, но додава дека борбените авиони дефинитивно не се дел од тоа.

Share
Scroll to Top