Германската партија на слободни демократи го одобри договорот за нова влада

пред 3 години

Германските Слободни демократи денеска го одобрија договорот за формирање нова влада, со што кандидатот за канцелар Олаф Шолц е чекор поблиску до преземање на функцијата нов лидер на земјата.

„Ова е коалициски договор за политиката на центарот, кој нема да ја придвижи нашата земја лево, туку сака да ја придвижи напред“, рече лидерот на партијата Кристијан Линднер на партиската конвенција што главно се одржуваше преку Интернет.

Минатиот месец, Слободните демократи постигнаа договор за формирање коалиција со Социјалдемократите на Шолц и Зелените, објави АП.

Share
Scroll to Top