Германија привремено го повлече персоналот од својата амбасада во Багдад поради зголемени безбедносни ризици поради конфликтот на Блискиот Исток, потврди портпаролот на Министерството за надворешни работи доцна во понеделник, објави Ројтерс.
„Персоналот на германската амбасада во Багдад е привремено преместен од Ирак поради заканата“, рече портпаролот, додавајќи дека безбедноста на персоналот постојано се проценува.
Амбасадата останува достапна, иако нејзините правни и конзуларни услуги се значително ограничени веќе некое време поради безбедносната ситуација, објасни портпаролот.
Разговори за регионалната ситуација
Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул изјави во понеделник вечерта во Никозија, Кипар, дека разговарал за регионалната ситуација со американскиот државен секретар Марко Рубио. Двајцата го осудија она што Вадефул го нарече „неселективни напади“ на Иран врз земјите во регионот и го повикаа Техеран да ги запре.
Текстот Германски министер: Ги повлекуваме дипломатските службеници од Ирак е превземен од МАКФАКС.






