Германски функционер: Изјавите на Тунберг се антисемитски, таа му наштети на климатското движење

Германски функционер: Изјавите на Тунберг се антисемитски, таа му наштети на климатското движење

пред 1 година

Функционерот во германската влада за антисемитизам, Феликс Клајн, силно ја критикуваше изјавата на климатската активистка Грета Тунберг за војната во Газа.

„Нејзините еднострани изјави за Блискиот Исток се антиизраелски и антисемитски поради нејзиното прикриено негирање на правото на Израел да постои“, изјави Клајн за Шпигел.

Тунберг си наштети и на себе и на климатското движење, додаде тој. Носејќи традиционална црно-бела палестинска марама, Тунберг беше меѓу 70.000 учесници на протестот за климата во Амстердам во неделата.

Таа рече дека демонстрантите за климата имаат должност „да ги слушаат гласовите на угнетените и оние кои се борат за слобода и правда“. Тунберг неколку пати извика: „Нема климатска правда во окупирана земја!“

Текстот Германски функционер: Изјавите на Тунберг се антисемитски, таа му наштети на климатското движење е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top