Граѓаните на Германија под 60 години, вакцинирани против Ковид-19 со првата доза на „Астра зенека“, ќе добијат вакцина на „Фајзер“ или „Модерна“ во втората доза, одлучија сојузните и регионалните министерства за здравство.
На 30 март, Германија донесе одлука за ограничување на употребата на „Астра зенека“ за лица помлади од 60 години, како резултат на ретките случаи на тромбоза забележани во Европа.
„Ова решение нуди добра заштита“, рече министерот за здравство на Баварија, Клаус Холецчек.
Министрите ја следеа минатонеделната препорака на Постојаниот комитет за вакцинација, втората доза да се земе дванаесет недели по почетната доза на „Астра зенека“.
Германија како и некои други земји, одлучи да ја ограничи употребата на „Астра зенека“ кај постари лица бидејќи е забележана исклучително ретка тромбоза помеѓу 4-от и 16-от ден по вакцинирањето кај помлади луѓе.
Почнувајќи од 2 април, 42 случаи на церебрална венска тромбоза се пријавени по вакцинирањето со „астра зенека“. Во 35 случаи, тоа биле жени на возраст од 20 до 63 години, а осум лица починале.
Според Министерството за здравство, околу 2,2 милиони граѓани на возраст под 60 години ја примиле својата прва вакцина од „Астра зенека“ во последните неколку недели.
И Франција, како и Германија, одлучи да ја замени втората доза на „Астра зенека“.
Светската здравствена организација не даде препорака за промена на вакцината за Ковид-19 помеѓу двете дози поради недостаток на соодветни податоци.
Навални беше затворен во февруари и беше осуден на две и пол години затвор за кршење на условна казна.
„Русија, или поточно руските власти, можеби го водат Навални во ситуација на бавна смрт и се обидуваат да го прикријат она што навистина му се случува“, изјави минатата недела за „Ројтерс“ генералната секретарка на „Амнести Интернешнл“, Агнес Каламард.