Големи преговори во ноември? Зеленски има посебно барање

Големи преговори во ноември? Зеленски има посебно барање

пред 3 часа

Украина очекува трилатерални разговори со Соединетите Држави и Русија во ноември, а претседателот Володимир Зеленски изјави дека во дипломатскиот процес и во одлуките за завршување на војната мора да бидат вклучени и европските земји.

Зеленски нагласи дека Украина инсистира ниту една европска земја да не биде исклучена од процесот на носење одлуки, пренесува „Укринформ“.

Според него, Украина планира во наредните недели да воспостави нови контакти со клучните европски земји, истовремено продолжувајќи ја координацијата со САД и другите партнери за организирање дипломатски средби.

„Мораме да спасиме животи. Мораме да го приближиме мирот. Мораме да ја обликуваме нашата политика кон Русија на начин што ќе поттикне интерес за преземање чекори кон деескалација. Нема мир без притисок. Мирот не доаѓа кај оние што се немоќни“, изјави Зеленски.

Текстот Големи преговори во ноември? Зеленски има посебно барање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top