Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

пред 2 години

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати сите ограничувања во таа земја.

Премиерката Мета Фредериксен рече дека со отстранувањето на короната од категоријата на социјално критични болести, одлучиле да ги укинат сите ограничувања од 1 февруари, за што добиле целосна поддршка од другите партии во парламентот.

Истакнувајќи дека ковид-пасошот ќе се бара само на влезовите во Данска од странство, Фредериксен рече дека одлучиле да ги отстранат сите ограничувања од 1 февруари. „На крајот на јануари, на почетокот на февруари, бројот на заразени со коронавирус ќе го достигне својот врв, а потоа ќе има намалување“, изјавила таа.

Наведувајќи дека и покрај тоа што ограничувањата ќе станат минато и ќе се нормализира секојдневието а властите ќе ги следат податоците за Ковид-19, Фредериксен рече дека ќе се применува и четвртата доза од вакцината.

Во Данска на 10 септември беше објавено дека епидемијата на коронавирус е целосно под контрола и дека поради тоа се укинати сите мерки. Подоцна, бидејќи ситуацијата излезе од контрола, ограничувањата беа повторно применети од 15 ноември 2021 година.

Главниот епидемиолог на данскиот државен институт, Тира Краузе, на 3 јануари рече дека новиот сој омикрон ставил крај на епидемијата на Ковид-19 и дека луѓето ќе се вратат во својот нормален живот во рок од два месеци.

Според податоците објавени од Националната здравствена агенција, бројот на луѓе кои ги загубиле животите поради ковид во Данска се искачи на 3.635, а бројот на заразени во земјата се искачи на 1,48 милиони лица.

Share
Scroll to Top