Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд

Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд

пред 3 часа

Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.

Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.

И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

Текстот Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top