Претставниците на Украина и Русија треба да се сретнат утрово во нова рунда преговори, неколку часа откако Киев го отфрли ултиматумот на Москва да го предаде опколениот Мариупол.
Русија ги повика украинските војници во Мариупол да го положат оружјето и да го напуштат градот во понеделник наутро, и постави краен рок до 5 часот по московско време за одговор на Украина.
Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук изјави за украинската правда дека на Москва и било кажано дека „не се зборува за предавање“.
Новата рунда разговори ќе се одржи преку видео врска, изјави доцна синоќа советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак, пренесе украинската новинска агенција УНИАН.
Работните групи на двете страни интензивно работат во последно време“, рече тој. Минатиот понеделник се одржаа мировни разговори на високо ниво.
Подољак верува дека разговорите со Москва за завршување на војната ќе траат неколку недели, додавајќи дека има знаци дека позицијата на Москва станува „поразумна“ и пореална.