Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

пред 3 години

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од „Оксфам“.

Извештајот именуван „Нееднаквоста убива“ посочува и дека повеќе од 160 милиони луѓе западнале во сиромаштија.

Зголемените економски, родови и расни нееднаквости, како и нееднаквостите меѓу земјите го распарчуваат нашиот свет, се вели во извештајот.

„Ова не е случајност, туку избор: ‘Eкономското насилство’ се спроведува кога се избираат структурни политики за најбогатите и најмоќните луѓе. Тоа ни нанесува директна штета на сите нас, особено на најсиромашните луѓе, жените и девојките, расните групи, “, додаваат авторите.

„Никогаш не било поважно да се започне со корекција на насилните неправди и безобразните нееднаквости со враќање на моќта и екстремното богатство на елитите, вклучително и оданочувањето – враќање на тие пари во реалната економија и спасување животи“, рече извршната директорка на „Оксфам Интернешнал“, Габриела Бухер.

Авторите на документот повикуваат на прогресивно оданочување.

„Пандемијата на Ковид-19 отворено ги откри и мотивот на алчноста и можностите со политички и економски средства, правејќи ја екстремната нееднаквост инструмент за економско насилство“, додаде Бухер.
Авторите на документот повикаа на ограничување на екстремното богатство преку прогресивно оданочување, докажани јавни мерки за борба против нееднаквоста и храбра промена на власта во економијата и општеството.

Share
Scroll to Top