Детали за масакрот во супермаркет во САД: Тинејџерот сакал да убие Афроамериканци

пред 3 години

Напаѓачот кој уби најмалку десет луѓе во супермаркет во Бафало е 18-годишен белец, бил расно мотивиран, соопшти полицијата.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Вооружен со автоматска пушка, тој е осомничен за расно мотивиран екстремизам“ велат од полицијата, а се верува дека 18-годишникот дејствувал сам.

ФБИ, во меѓувреме, соопшти дека неговиот чин ќе биде истражен како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.

11 од 13 убиени или ранети се Афроамериканци, супермаркетот е во населба со доминантно црно население. Масовниот убиец со часови возел до него.

Осомничениот, чие име не го соопштува полицијата, не е од Бафало.

Американските медиуми, повикувајќи се на неофицијални полициски извори, објавија дека напаѓачот се вика Пејтон Гендрон и дека потекнува од Конклин, мал град во државата Њујорк, приближно 300 километри јужно од Бафало.

Своето злосторство го пренесе директно на интернет сервисот „Твич“.

Како што пренесуваат американските медиуми, тој убил четири лица на паркингот, а потоа се судрил со обезбедувањето на супермаркет кој во размена на оган го погодил со куршум, но напаѓачот бил заштитен со панцир. Чуварот подоцна бил смртно застрелан. Останатите жртви напаѓачот ги убил во супермаркетот.

Share
Scroll to Top