Дрон погоди нуклеарна централа во Русија

Дрон погоди нуклеарна централа во Русија

пред 1 час

Дрон погодил разладна кула на еден од реакторските блокови на нуклеарната централа Курск во Русија, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Според информациите на агенцијата, ударот се случил рано на 17 септември, додека реакторскиот блок бил во функција. По инцидентот немало промена во режимот на работа на реакторот, ниту избувнал пожар.

МААЕ засега не соопшти кој блок бил погоден, ниту кој управувал со дронот.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси, предупреди дека нападите врз нуклеарни постројки можат да ја загрозат нуклеарната безбедност и ги повика сите страни на максимална воена воздржаност.

Нуклеарната централа Курск се наоѓа во близина на градот Курчатов, недалеку од границата со Украина. Во областа и претходно беа регистрирани инциденти со дронови.

Текстот Дрон погоди нуклеарна централа во Русија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top