Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба

пред 2 недели

Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.

„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.

Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.

Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.

– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.

Текстот Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top