Вонредна состојба од вчера има во Ивањица, Бабушница, Нов Варош, делови од Врање, а од утрово и во Црна Трава, каде сите планини се под снег.
Јавното претпријатие „Патишта на Србија“ соопшти дека патните правци од прв и втор приоритет се проодни, но дека на некои патни правци има и до 10 сантиметри снег.
Непроодни се патиштата во Црна Трава, Сјеница, Тутин и Бабушница, а проодни се приодите кон зимските туристички центри.
Вонредна состојба има во Сјеница и Врањска Бања, а слична е состојбата и во Нова Варош и Црна Трава.
Најтешко е во областа Пријепоље, Сјеница и Ивањица. Екипитезадолжени за чистење на патиштата и „Електродистрибуција Србија“ се на терен.
Милош Миленковиќ, помошник на началникот на Дирекцијата за противпожарна и спасувачка единица на Секторот за вонредни состојби од Србија, гостувајќи во Утринската програма на РТС, изјави: „Ситуацијата се смирува, но се уште сме во целосна готовност и подготвени да реагираме“, вели Миленковиќ, посочувајќи дека во текот на претходните два дена имале вкупно 31 интервенција на територијата на целата држава, како и дека евакуирани се 30 лица, а спасени се 17 лица.
Тој, исто така, ги повика граѓаните да ја проверат проодноста на патните правци и да не се потпираат на апликации кои водат до одредени локации.
„И поради помалото количество снег, луѓето можат да останат завеани“, предупредува Миленковиќ.
Текстот Евакуирани 30 лица, 17 спасени: вонредна состојба поради снег во пет општини во Србија е превземен од МАКФАКС.