Европските берзански индекси денеска бележат најголем пораст поттикнати од добрите продажни резултати од производителите на луксузна облека „Барбери“, ЛВМХ и „Керинг“, додека на пазарот истовремено се бележи пораст на цените на нафтата, златото и на пченицата.
Светскиот економски форум во Давос завршува денеска, а на последната дискусија за оваа година, закажана за 11 часот, меѓу другите, ќе учествуваат и директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, и претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, кои ќе разговараат за глобалната економска перспектива.
Индексот на Франкфуртската берза DAX во 10.45 часот порасна на 21.501,44 поени, францускиот CAC 40 на 7.965,89 поени, московскиот MOEX на 2.954,53 поени, а британскиот FTSE 100 падна на 8.534,91 поен.
„Ако цената на нафтата падне, веднаш ќе се стави крај на руско-украинската војна. Во моментот цената е доволно висока и оваа војна ќе продолжи – затоа мораме да ја спуштиме“, рече тој во видеопораката до Светскиот економски форум во Давос.
Текстот Европските индекси во пораст, како и цените на нафтата и златото, заврши форумот во Давос е превземен од МАКФАКС.