ЕК почна да ѝ исплаќа на Украина милијарди за дронови

ЕК почна да ѝ исплаќа на Украина милијарди за дронови

пред 2 часа

Европската комисија започна со исплата на 3,9 милијарди евра во рамките на заем од 90 милијарди евра за производство и набавка на дронови, клучна способност што ѝ овозможува на Украина да се спротивстави на руската агресија.

Станува збор за исплата на првата транша од околу 6 милијарди евра наменета за дронови. Се очекуваат понатамошни исплати во текот на следните неколку дена додека не се исплати целиот проектиран износ.

„Иновативноста на Украина е во срцето на нејзиниот успех во спротивставувањето на руската инвазија. Токму генијалноста сакаме да ја поддржиме. Денес ја исплаќаме првата транша од 3,9 милијарди евра за напредна технологија за дронови за зајакнување на одбраната на Украина“, изјави претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

Минатата недела, Комисијата ја исплати првата транша од 3,2 милијарди евра на Украина во рамките на наменската програма за макрофинансиска помош.

Европската Унија ѝ обезбеди на Украина бескаматен заем од 90 милијарди евра, од кои две третини се наменети за помош во општото функционирање на државата, а преостанатите 30 милијарди за воени цели.

 

фото/Depositphotos

Текстот ЕК почна да ѝ исплаќа на Украина милијарди за дронови е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top