Експлозија во фабрика за памук во Индија, загинаа 12 лица

пред 6 години

Најмалку 12 лица загинаа во експлозија и пожар во хемиски магацин во фабрика за памук во западна Индија, соопшти спасувачката служба.Според извештаите на локалните медиуми, дел од магацинот се урнал од јачината на експлозијата, а оштетени се и неколку околни згради во предградието на градот Ахмедабад во државата Гуџарат.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 50 пожарникари со 24 возила. По неколку часа огнот е ставен под контрола, јавува АП.

Share
Scroll to Top