Екстремно високи температури во Америка: Во Аризона измерени 46 степени

пред 3 години

Во неколку градови во американскиот југозапад, Феникс, Лас Вегас, Денвер, како и во долината на смртта во Калифорнија, вчера биле забележани рекордно високи јунски температури.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во топлотниот бран што го зафати тој дел на САД, Националната метеоролошка служба во Феникс, Аризона, објави температура од 46 степени, што го израмни рекордот за тој датум забележан во 1918 година.

Лас Вегас достигна рекордна температура од 43 степени за тој ден, забележана во 1956 година, а метеоролошката служба навела дека високите температури во двата града сепак може да се зголемат.

Температурите во внатрешноста на Калифорнија достигнаа 50 степени Целзиусови во долината на смртта.

Издадени се предупредувања за делови од Северна Калифорнија преку централната долина до југоисточните пустини.

Националната метеоролошка служба исто така прогнозираше околу 46 степени Целзиусови во Палм Спрингс и температури од околу 38 степени долж долината Сан Хоакин и областа Сакраменто.

Се очекува високите температури да се прошират во внатрешноста на заливот Сан Франциско, но повеќето крајбрежни области во Калифорнија немаа предупредувања за топлотни бранови.

Метеоролозите очекуваа до синоќа горештините да стивнат во Северна Калифорнија, но за денеска се издадени предупредувања во делови од Јужна Калифорнија.

Метеоролозите предупредија на многу висок „ризик од топлина“ во јужна и централна Аризона во текот на викендот. Се очекува високите температури да достигнат блиску до рекордот меѓу 43 и 46 Целзиусови степени, а јавноста се повикува да ги ограничи активностите на отворено.

Се очекува и делови од Ново Мексико и Тексас да имаат температури над 38 степени.

Научниците велат дека во иднина поверојатно е да има почести и поинтензивни топлотни бранови поради климатските промени и поголема суша.

Share
Scroll to Top