Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска пристигна во Киев како дел од дипломатските напори за смирување на тензиите меѓу Киев и Москва, по што веднаш предупреди дека Русија може да изврши напад „за многу кратко време“.
„Како што сите знаете, ние бевме ангажирани во интензивен фокус на Украина во последните неколку месеци поради значителната акумулација на руските сили што ја видовме во близина на украинската граница“, рече Блинкен во разговор со украинските дипломати во американската амбасада во Киев, извести Ројтерс.