Еруптира вулкан на Алјаска, прогласен црвен аларм

пред 3 години

Вулканот Грејт Ситкин еруптираше на Алјаска. Геолошкиот топографски институт на Соединетите Американски Држави прогласи црвен аларм поради овој феномен, јавуваат светските медиуми.

Ерупцијата траела неколку минути, а вулканот исфрлал пепел до висина од дури 4.500 метри, наведува „Спутник“.

Вулканот се наоѓа на островот Грејт Ситкин.

Властите претходно предупредуваа дека вулканот може да се активира и дека е многу можно во атмосферата да се најде голема количина вулканска пепел.

Share
Scroll to Top