ЕУ го ограничува извозот на вакцини во Северна Ирска

пред 4 години

Европската Унија го ограничи извозот на вакцини за коронавирус во Северна Ирска, заобиколувајќи делови од протоколот за Брегзит. Овој потег предизвика револт кај локалните политичари при што премиерката на Северна Ирска, Арлин Фостер, одлуката на ЕУ да се повика на членот 26 ја нарече „неверојатен чин на непријателство“. Портпарол на британската влада рече дека следните чекори ќе бидат внимателно разгледани и додаде дека министерот Мајкл Гов пренел во ЕУ дека Велика Британија е загрижена затоа што не била информирана за постапките во врска со протоколот за Северна Ирска, пренесува Ројтерс.

Претходно, Европската комисија се согласи со планот за контрола на извозот на вакцини од ЕУ, вклучително и во Велика Британија, наведувајќи дека тоа е потребно заради обезбедување сопствени залихи.

Share
Scroll to Top