ЕУ забранува пластична амбалажа во рестораните до 2030 година

ЕУ забранува пластична амбалажа во рестораните до 2030 година

пред 2 години

ЕУ постигна договор за забрана на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството до 2030 година, пренесува Бета-Франс прес.

Сè уште ќе биде дозволено пакување од хартија или картон.

Европратениците се согласија за клучниот текст на Зелениот пакт, кој ја поставува целта да се намали количината на отпад од сите видови пакувања во ЕУ за пет отсто од 2018 до 2030 година, потоа за 10 отсто до 2035 година и за 15 отсто до 2040 година, пренесува медиумот.

Исто така, забрането е додавање на полифлуороалкилни супстанции (PFAS), кои се штетни „вечни загадувачи“, во пакувањето на храната.

Текстот ЕУ забранува пластична амбалажа во рестораните до 2030 година е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top