ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“

пред 9 часа

Европската унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година, со цел да стави крај на зависноста од Москва и финансирањето на нејзината војна.

Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави во Европскиот парламент дека Европа никогаш повеќе нема да дозволи енергијата да се користи како оружје и дека унијата нема да биде предмет на уцена ниту ќе го финансира, како што велат, путинoвиот воен апарат.

Според договорот, нови договори за руски гас нема да може да се склучуваат по 1 јануари 2026, краткорочните треба да завршат до јуни 2026, а долгорочните до 2028 година.

Одлуката доби квалификувано мнозинство во Советот на ЕУ, иако против беа само Унгарија и Словачка, земји без излез на море.

Јоргенсен нагласи дека мерката е клучна за енергетската безбедност и конкурентноста на Европа, додавајќи дека ЕУ не треба да увезува „ниту капка руска нафта“ – дури ни по завршување на војната.

Текстот ЕУ ја потврди забраната за увоз на руски гас и нафта: „Нема да ѝ дозволиме на Русија да нè уценува“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top