Цивилите, вклучувајќи жени и деца, остануваат заробени во југоисточниот град Мариупол и потребно е примирје за да се обезбеди нивниот излез, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Русија тврди дека ќе го запре нападот на фабриката за челик Азовстал во Мариупол, каде што се последните украински борци и каде се околу 200 цивили. Тридневниот прекин на огнот наводно започнува денеска, иако претходните прекини на огнот имаа различни резултати, пренесуваат медиумите.
– Украинските бранители водат тешки, крвави битки против руските војници внатре во фабриката за челик – изјави командантот на Азовскиот полк.
Зеленски посочи дека е потребна тешка механизација за да се извлечат луѓето од подземните засолништа, но дека тоа било невозможно за време на борбите.
Повеќе од 300 цивили беа евакуирани во средата од Мариупол и другите делови на јужна Украина, соопштија ОН.
Руските ракетни напади продолжуваат низ Украина додека Москва се обидува да го спречи снабдувањето со залихи оружје и опрема за украинските војници кои се борат против Русите во источниот регион Донбас, јавува Би-Би-Си.