Во Франција, жолт метео аларм е прогласен во 18 департмани поради топлотен бран, а истото предупредување се воведува во Париз и неговите предградија од денес, додека Британската метеоролошка служба предупредува дека топлотниот бран таму денес би можел да собори дури три рекорди.
„Метео Франс“ објави дека оваа година е обележана со раното доаѓање на екстремно топло време, со утрински температури помеѓу 14 и 20 степени Целзиусови до температури од 32 до 35 степени Целзиусови попладне, објавува „Фигаро“.
„Максималните температури остануваат многу високи за ова време од годината, а топлотниот бран се протега уште подалеку на север, со температури над 30 степени Целзиусови во речиси сите делови на Франција, освен по должината на Ламанш и на медитеранските плажи“, според веб-страницата на „Метео Франс“.
Во меѓувреме, британските медиуми објавија предупредување од нивната метеоролошка служба, во кое се наведува дека топлотниот бран денес би можел да собори три рекорди.
„Подгответе се за денешната жештина. Откако температурите вчера достигнаа 32,3 степени Целзиусови, денес би можеле да ја почувствуваме највисоката температура досега на денот на националниот пролетен празник. Следете ги најновите информации“, според веб-страницата на Британската метео служба, пренесува Танјуг.
Текстот Жолт метео аларм поради топлотен бран во Париз, Велика Британија пред соборување на рекорди е превземен од МАКФАКС.





