Зaпaден Балкан на листата на шест итни приоритети на новата администрација на САД и на Германија

пред 3 години

Западен Балкан е на списокот на заедничките надворешно-политички приоритети на новата американска администрација и на Германија, беше истакнато во телефонскиот разговор помеѓу претседателот на САД, Џозеф Бајден и германската канцеларка Ангела Меркел.

Во разговорот меѓу двајцата државници, решавањето на ситуацијата на Западен Балкан е ставено на листата на шесте најитни теми, по прашањата поврзани со Авганистан, Кина, Иран, Русија и Украина.

Во соопштението од германската влада се вели дека Бајден и ја пренел на канцеларката желбата да ги продлабочи односите меѓу двете земји и ја изразил својата намера да го заживее трансатлантскиот сојуз, вклучувајќи го НАТО и Европската Унија, како камен-темелник на колективната безбедност и заедничките демократски вредности.

Бајден и Меркел се согласија за заедничките приоритети во надворешната политика, кои ги вклучуваат Авганистан, Кина, Иран, Русија, Украина и Западен Балкан и се согласија за важноста на глобалната соработка, вклучувајќи ја и обновената посветеност на САД кон мултилатералните организации, борбата против климатските промени, пандемијата на Ковид-19, како и продолжувањето на одржливото глобално економско закрепнување, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top