Премиерот на Латвија, Андрис Кулбергс, оцени дека одлуката на Естонија да ги затвори граничните премини со Русија е погрешна.
„Одговарајќи на прашање за можноста за затворање на границата на Латвија со Русија за сообраќај, како што одлучи Естонија, Кулбергс го нарече таквиот потег грешка, осврнувајќи се на предизборната ситуација во соседната земја“, според медиумите, пренесува Спутник.
Латвија веќе очекува зголемување на сообраќајот на источната граница, додаде премиерот.
Во исто време, портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, оцени дека естонските власти не обрнуваат внимание на незадоволството на граѓаните поради затворањето на граничните премини со Русија.
„Има многу незадоволство, да, но очигледно тоа воопшто не ги загрижува естонските власти“, изјави Песков за руските медиуми.
На 20 ноември, естонската влада одлучи да го суспендира работењето на сите копнени гранични премини со Русија од 1 декември.
Одлуката предвидува затворање на преминот за пешаци и возила.
Министерството за надворешни работи на Естонија претходно како причина за затворање на границата го наведе обидот за предизвикување пожар во компанијата за одбранбена индустрија „Треод Системс“, за што естонските власти ја обвинуваат Русија.
Текстот За премиерот на Латвија погрешна е одлуката на Естонија да ја затвори границата со Русија е превземен од МАКФАКС.





