Украинската новинарка Викторија Рошчина, која беше заробена од Русите, е ослободена од заробеништво откако снимила видео во кое вели дека Русите и го спасиле животот.
Новинарката Викторија Рошчина исчезна откако замина во окупираниот Бердјанск на 15 март.
Таа работела за украинскиот медиум Хромадске, кој пред неколку дена објави дека има неофицијални информации дека новинарката била киднапирана од ФСБ, руската служба за безбедност.
Медиумите сега пишуваат дека Рошчина е ослободена и е на пат за Запорожје каде ќе се сретне со семејството.
Хромадске исто така известува дека неколку часа пред нејзиното ослободување, проруските медиуми и каналите на Телеграм почнале да прикажуваат видео на Рошчина во кое се вели дека Русите никогаш не ја држеле заробена, туку и го спасиле животот.
Видеото наводно било услов за нејзино ослободување од притвор.
Во моментот на исчезнувањето новинарката пишувала за воени акции во Запорожје и Доњецк, а планирала да отпатува за Мариупол.