Затворска казна од 7 години за противење на војната во Украина

пред 2 години

Московскиот суд денеска изрече затворска казна поради противење на војната во Украина. Адвокатот Алексеј Горинов – член на општинскиот совет во Москва е осуден на седум години затвор.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој беше уапсен во април годинава, а е осуден за „свесно ширење лажни информации“ за руската војска, што носи максимална затворска казна до 15 години.

За противење на војната досега се изречени една парична казна и една условна казна.

На состанокот на општинскиот совет во март, Горинов ги критикуваше акциите на руската армија, а вчера, презентирајќи го својот последен говор пред судот, одби да ја признае вината.

Според властите, Горинов го извршил прекршокот кога тој и неговата колешка од опозицијата, Елена Котеночкина, се изјасниле против предлогот на советот да се одржи натпревар за детски цртеж и фестивал на танцување и покрај војната во Украина, каде Горинов рече дека „децата умираат“.

Групите за човекови права се загрижени дека случајот на Горинов ќе биде прв во низата пресуди против антивоени личности кои чекаат судење.

Најмалку 50 луѓе се соочуваат со долготрајни затворски казни или високи парични казни за „свесно ширење лажни информации“ за војската, додека околу 2.000 луѓе добиле помали казни за критикување на војната.

Меѓу оние кои чекаат судење за ширење „лажни информации“ за руската војска се и истакнатиот опозициски активист Владимир Кара-Мурза и уметничката од Санкт Петербург – Александра Скочиленко, која е обвинета дека ги заменила етикетите на супермаркетите со пораки во знак на протест против воената кампања на Москва во Украина.

Share
Scroll to Top