Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат

пред 4 часа

Москва објави дека ги предупредила балтичките држави дека ќе се соочат со „последици“ за наводно „овозможување на користење на воздушниот простор“ за украински напади врз руските пристаништа во Балтичкото Море.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави, како што објави руската агенција Интерфакс, дека Русија испратила „предупредување“ до балтичките држави за наводно дозволување на Украина да го користи нивниот воздушен простор за напад врз руска територија.

„Соодветно предупредување е испратено до овие држави. Ако режимите на овие држави имаат барем малку разум, ќе го послушаат. Ако не, ќе мора да се соочат со одговор“, рече Захарова.

Слични изјави даде неколку дена претходно и портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Текстот Захарова: Ги предупредивме балтичките земји, ако имаат барем малку разум, ќе послушаат е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top