Захарова: Осудените Британци се платеници и немаат право да бараат поинаков статус

пред 2 години

Британските државјани кои беа осудени од страна на судот во Донечката Народна Република (ДНР) не се воени заробеници, туку платеници, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи на Русија, Марија Захарова и додаде дека реакцијата на британските власти била на мометнти била хистерична.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Сакаме да истакнеме дека и покрај изјавите на британските претставници, споменатите државјани не се воени заробеници, туку платеници. Според меѓународното право, платениците испратени од Западот да му помогнат на екстремистичкиот режим во Киев, не се борци и немаат право да бараат статус на воени заробеници“, се наведува во соопштението на Захарова, а пренесува „Спутник“.

Портпаролката оцени дека реакцијата на официјален Лондон за пресудата против британските платеници била прекумерна и на моменти хистерична.

Како што нагласи таа, Москва повеќепати ја информирала британската амбасада во Русија дека за сите прашања за заробените британски државјани треба да се обратат до властите на ДНР и ЛНР, но дека Лондон не го сторил тоа.

„Колку што разбравме, Лондон не покажал иницијатива за тоа прашање и покрај барањата на роднините на платениците упатени до британските власти. Забележливо е и дека британската страна не испрати никакви барања за Шон Пинер и Ејден Ајслин до руското МНР“, наведе Захарова.

Според неа, сега британските власти јавно се правдаат, обидувајќи се да го решат проблемот со гласни соопштенија.

Вчера во однос на смртната казна за двајцата Британци и Мароканецот, заробени во Мариупол, се огласи и украинското МНР од каде порачаа дека осудените заробеници се припадници на украинските сили и дека во согласност со тоа, пресудата на судот во ДНР е безвредна.

 

Share
Scroll to Top