Захарова по падот на дронот во Романија: „Не покажавте никакви докази“

Захарова по падот на дронот во Романија: „Не покажавте никакви докази“

пред 2 часа

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, денеска изјави дека тврдењата за наводни руски беспилотни летала што летаат над Европа се неосновани и дека, како што тврди таа, не се презентирани никакви докази за нив, објави руската агенција РИА Новости.

„Сите обвинувања што ги слушаме, особено за беспилотните летала во земјите од Европската Унија, се целосно неосновани, не е презентиран ниту еден факт, материјал или доказ“, рече Захарова, пренесува РИА Новости.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, претходно денеска изјави дека Алијансата е подготвена да ја брани секоја педа од својата територија откако беспилотно летало падна врз станбена зграда во градот Галац, Романија.

Во инцидентот беа повредени две лица, а Романија го оцени настанот како сериозно кршење на меѓународното право. НАТО и европските претставници го осудија нападот, додека Букурешт го повика рускиот амбасадор на разговори и побара да се зајакне одбраната од беспилотни летала. По инцидентот, беа подигнати борбени авиони Ф-16, а жителите на пограничните области беа предупредени да побараат засолниште.

 

фото/Depositphotos

Текстот Захарова по падот на дронот во Романија: „Не покажавте никакви докази“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top