Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина

Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина

пред 12 месеци

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека напорите на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, за решавање на кризата во Украина може да укажуваат на неговата желба да влезе во историјата како миротворец.

Зборувајќи на радиостаницата „Спутник“, Захарова оцени дека американскиот претседател јасно рекол дека „ситуацијата што претходната американска администрација ја предизвика, ја ослободи и всушност ја создаде“ мора да се реши, јави ТАСС.

„Не можам да претпоставам дали Трамп ја чувствува одговорноста на Америка за таа ситуација или дали во неговата порака постои желба да ја направи Америка навистина голема. Но, тој рече дека сака да ја реши кризата“, рече Захарова.

Таа додаде дека Трамп можеби сака да биде запаметен во историјата како миротворец, да се „моли за гревовите на претходните администрации“ или да придонесе за нејзината реконструкција во рамките на неговата визија за Америка како голема сила.

Захарова исто така оцени дека вмешаноста на Трамп во конфликтот во Украина произлегува од интересите на неговата земја, политичката кариера и изборната кампања.

Текстот Захарова: Трамп можеби сака да влезе во историјата како миротворец во Украина е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top