Зеленски: Мојот услов за преговори со Путин е размена на сите воени заробеници

Зеленски: Ако Русите сакаат преговори, првин треба да престанат да го гаѓаат нашиот народ со проектили

пред 1 година

Во својата најнова објава на социјалните мрежи Зеленски ја обвинува Русија дека продолжува, како што го нарекува, со воздушен терор против Украина.

„Украина се бори за нормален и безбеден живот што го заслужува, за мир – праведен и траен. Ние сакаме оваа војна да заврши. Но Русија не го сака тоа и продолжува со својот воздушен терор. Ако сакате преговори, не пукајте во луѓето со балистички ракети. За Русија да ги запре нападите, светот мора да биде пообединет и посилен“, додаде Зеленски.

Украинската полиција извести дека две лица загинале, три се повредени во руските напади во регионот на Донецк во изминатите 24 часа, а десетици куќи биле оштетени или уништени.

Во одвоен извештај тие исто така соопштија дека пет лица загинале, а 13 се ранети во јужниот регион Херсон, вклучително и тројца полицајци, кои го евакуирале телото на 63-годишен маж убиен во напад со беспилотно летало.

Текстот Зеленски: Ако Русите сакаат преговори, првин треба да престанат да го гаѓаат нашиот народ со проектили е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top