Зеленски бара исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика Обединетите нации да го реформираат својот систем, кој на Русија, како постојана членка на Советот за безбедност ѝ дава право на вето.

Тој го повика Советот за безбедност, како што рече, да ја исфрли Русија од својот состав како агресор и извор на војна за да не може да ги блокира одлуките за сопствената агресија.

Зеленски посочи дека Советот за безбедност треба да се распушти доколку телото не може да најде начин да помогне да се запрат руските акции во Украина, бидејќи, како што тврди тој, се докажува дека Советот за безбедност на ОН не може да направи ништо друго освен да разговара.

Share
Scroll to Top