Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред италијанскиот парламент изјави дека неговата земја е на работ на опстанок поради војната со руските сили и предупреди дека целта на Москва е да се пробие до остатокот од Европа.
„За руските војници, Украина е порта кон Европа, во која сакаат да пробијат, но не смее да се дозволи варварството да помине“, рече Зеленски во видео-врска до италијанските пратеници, пренесува Ројтерс.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре преку видео врска ќе им се обрати на пратениците во јапонскиот парламент и ќе побара поддршка во борбата против Русија.