Зеленски: Победата на Украина е неизбежна

пред 3 години

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно обраќање упати порака до нацијата дека победата на Украина е неизбежна.

Зеленски рече дека сè уште е невозможно да се предвиди кога војната ќе заврши.

„Многу градови и заедници се уште се под привремена контрола на руската армија. Но, не се сомневам дека е само прашање на време кога ќе ја ослободиме нашата земја“, рече Зеленски.

Тој додаде дека победата ќе дојде побрзо ако секој Украинец се бори.

„Кога ќе победиме, тоа ќе го почувствуваат сите. Кога ќе дојде мирот, сите ќе го видат. Но, за тоа да се случи, и да се случи побрзо, треба да не размислуваме кога и што ќе се случи. Мораме секој ден да размислуваме како престојот на окупаторите во нашата земја да го направиме уште понеподнослив“, изјавил украинскиот претседател.

Share
Scroll to Top