Зеленски пристигна во Вашингтон

Зеленски пристигна во Вашингтон

пред 2 дена

Средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Зеленски ќе се одржи денес во 13:15 часот по локално време (19:15 часот по македонско време) во Белата куќа, соопшти Белата куќа во соопштение за медиумите во недела. Трамп ќе учествува на мултилатерален состанок со европските лидери кои исто така пристигнуваат во Вашингтон, во 15:00 часот по локално време.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева оти „заедничките сили“ на Украина со американските и европските колеги ќе ја принудат Русија да склучи мир.

„Благодарен сум на претседателот на Соединетите Американски Држави за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, напиша Зеленски на социјалните мрежи, по пристигнувањето во Вашингтон.

„И се надевам дека нашите заеднички сили со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принудат Русија да склучи вистински мир“, рече тој.

Текстот Зеленски пристигна во Вашингтон е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top