Зеленски: Русија купува време, треба да се притисне со уште посилни санкции

Зеленски: Русија купува време, треба да се притисне со уште посилни санкции

пред 12 месеци

Еден ден по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека војната мора да заврши со преговори, но со реални и јасни предлози.

„Очигледно е дека Русија се обидува да купи време за да ја продолжи војната и окупацијата“, напиша Зеленски на апликацијата Телеграм.

Тој додаде дека Украина работи со партнерите за да го зголеми притисокот врз Москва.

„Санкциите се важни и благодарен сум на сите што ги прават поопипливи за оние кои ја започнаа војната“, вели Зеленски.

Тој повтори дека Украина е „подготвена за сите ефективни формати на преговори“, но и предупреди дека ако Русија продолжи да поставува нереални услови, мора да следат сурови последици.

Текстот Зеленски: Русија купува време, треба да се притисне со уште посилни санкции е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top