Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека Украина ќе излезе посилна од оваа војна.
– Украина беше убава, но сега ќе биде уште поубава благодарение на нашиот народ. Слава на Украина. Одличен проект за обновување. За луѓето. За развој на нашата земја и на цела Европа – рече Зеленски.
Заедно со овој текст прикачи и фотографии од луѓе од улица, кои и покрај војната не кријат насмевка од нивните лица, со што сака да ја покаже непоколебливоста на украинскиот народ.