Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).
Потресот е регистриран во близина на местото Николски, пренесува Ројтерс.
Според податоците на USGS, земјотресот бил на длабочина од 83 километри.
Засега нема извештаи за причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами.
Текстот Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени регистриран на Алјаска е превземен од МАКФАКС.






