Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала се случи денеска во близина на брегот на Перу, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот на земјотресот бил на 91 километар југозападно од градот Писко, на длабочина од 10 километри.
Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.
Текстот Земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала во Перу е превземен од МАКФАКС.